По возбудувањата во натпреварите од Македонскиот Национален куп, по кои се крена голема прашина, викендов повторно на паркет се враќаат кошаркарите и кошаркарките во натпреварите од националните првенства.

До крајот на втората фаза преостануваат уште 6 кола во машкиот и 3 во женскиот шампионат,  кои треба го дадат конечниот редослед на бројките во разигрувањето.

Еве го комплетниот распоред на мечевите од 9- то коло во втората фаза во Првата Машка Лига

22 март (сабота):

Вардар О. К Соколи (Скопје, СРЦ “Кале“ – 19.00 часот)
Струмица Амак Сп (Струмица, сала “Парк“ – 19.00 часот)

23 март (недела)

С. Пелистер  Ф. Работнички (Битола, сала “Младост“ – 18.00 часот)
Мзт Фон  Фени Инд. (Скопје, сала “Јане Сандански“ – 17.30 часот – МТВ пренос)

Термини на одигрување на натпреварите од 3. коло во втората натпреварувачка фаза – “оролоџо“ во Вардар Осигурување Првата македонска кошаркарска лига – жени:

22 март (сабота)

В. Лисици  Куманово (Скопје, сала “Јане Сандански“ – 14.00 часот)

22 март (недела)

Младинец Пелистер (Скопје, сала “Градски Парк“ – 12.00 часот)
Билјана 006 Вигор С. (Охрид, сала “Билјанини извори“ – 16.00 часот)