Арнолд Шварценегер, републикански гувернер во сојузната држава Калифорнија, вчера ја скршил ногата во Sun Valleyu во Ајдахо, каде со семејството бил на скијање.

59-годишниот поранешен глумец бил отпуштен од локалната болница, но за Божик ќе остане во Sun Valleyu.Најверојатно за санирање на скршеницата ќе биде потребна операција која врз “терминаторот“ ќе биде извршена по неговото враќање во Лос Анџелес.


Арнолд Шварценегер

Sun Valleyu, каде што се случил инцидентот е еден од најпопуларните ски центри за припадниците на американскиот џет-сет. Една од ски патеките во Sun Valleyu се вика  “Арнлдова стаза“, именувана токму по несреќниот гувернер, која исто така е позната и како најтешка стаза во овоја овој зимски центар.