Граѓаните коишто сакаат да аплицираат за вадење патна исправа по итна постапка со јавување на телефонскиот број на Повикувачкиот центар (0800 192 92) или со закажување преку официјалната веб страница на МВР (www.mvr.gov.mk) добиваат термин за апликација веќе наредниот ден, информираат од МВР.

Исто така, граѓаните коишто поради здравствени и други причини имаат потреба од итно патување во странство а немаат нова биометриска патна исправа можат да се обратат во Одделението за управни работи (зграда на МРТВ, соба бр. 45) каде што ќе добијат соодветен термин за аплицирање за нова патна исправа. Притоа потребно е да достават документација со која се потврдува итноста на барањето, појаснуваат од МВР.   

OhridNews