Легендарниот капитен на Челси, Џон Тери, наскоро ќе го започне првиот тренерски ангажман во кариерата. Тери, во моментов му е асистент на Дин Смит во Астон Вила.
Англиските медиуми тврдат дека ситни детали го делат Тери од клупата на Борнмут. Овој клуб сезонава има намера експресно да се врати во Премиер лигата.
Во моментов, Борнмут, се наоѓа на шестото место во Чемпионшип дивизијата. Од местот кое обезбедува директен пласман во Премеир лигата, Борнмут го делат девет бода.
Тери во кариерата со Челси, пет пати бил шампион на Англија, а има и трофеј во Лигата на шампионите.
Белгијците загрижени за Азард
Најновата повреда на Еден Азар го крена степенот на загриженост во Фудбалскиот сојуз на Белгија. Белгијците стравуваат дека капитенот на репрезентацијата нема да биде подготвен за Европското првенство.
Чекаме, но ова е загрижувачки. За разлика од Денис Прат, Кевин Де Брујне и Дрис Мертенс, Еден има хронична повреда, која секогаш лошо завршува. „Прво имаше проблем со зглобот, а потоа три пати со мускулот. Лошо му оди, тешко се излегува од еден таков круг на повреди. Важно е да тренира како врвен спортист, но и тоа е тешко кога е во процес на рехабилитација. – изјави докторот на репрезентацијата на Белгија, Кристоф Сас.
Според медиумите во Белгија, од националниот Сојуз ќе барале од Реал редовно да добиваат информации за состојбата на Азар, дури се надевале дека од Мадрид ќе му дозволат рехабилитацијата да ја продолжи во Белгија.
Белгијците се сомневале дека Азар не добива доволно квалитетна медицинска нега во Мадрид. Азар, најновата повреда на мускулот, поради која ќе паузура од четири до шест недели, ја доживеа во понедлникот.
OhridNews