Теретаните во Чикаго, Мајами и Њу Јорк кои се во склоп на ланецот Дејвид Бартон по вежбањето нудат можност за пиење коктели кои содржат водка. Сопственикот по кој теретаните го носат името, не гледа ништо спорно во тоа кој пијалок се конзумира по вежбањето. Коктелите се со вкус на портокал и мандарина. Сопственикот сепак сметал дека водката е идеална, бидејќи со виски или текила би се отишло предалеку.
Оние кои сметаат дека идејата не е лоша велат дека алкохолот е добар за крвниот притисок. а внесувањето на калории е минимално. Другите пак, велат дека дејството на алкохолот е такво што го спречува растот на мускулите и со тоа се добива контра ефект од вежбањето.