Стадионот на СРЦ „Билјанини извори“ е суспендиран на два натпревари, а ФК Охрид првите две средби од пролетниот дел на шампионатот во Втората лига  како домаќин ќе ги одигра на 100 километри оддалеченост од Охрид.

Вака одлучи Дисциплинската комисија при ФФМ во врска со инцидентот што се случи по натпреварот со Нов Милениум на „Билјанини извори“ (1:3) кога физички беше нападнат главниот судија на средбата Дејан Јакимоски од Скопје. Дисциплинецот оценил како што стои во образложението дека во инцидентот бил инволвиран претседателот на ФК Охрид Сашо Алче  како неслужбено лице.

Инцидентот по натпреварот со Нов Милениум е втор таков кој се случи во Охрид во есенскиот дел од првенството. Претходно за сличен инцидент на по една година надвор од фудбалските терени беа суспендирани две официјални лица од клубот.

Г.М.