Охридските ракометари пред своите гледачи разочараа ремизирирајќи со Работнички 22-22 во меч, кој беа апсолутни фаворити.


Ракометарите на Работнички уште еднаш покажаа дека на теренот не победува оној кој е фаворит и подобар на хартија туку оној кој повеќе ја посакува и оној кој гори за победата иако мечот заврши без победник.

Ова нешто го немаше во охридскиот состав на дуелот, кој требаше да биде генерална проба за она што ќе го „стреси“ Охрид, а тоа 25-годишниот јубилеј на „Рибарите“.

Минатата сезона и две претходно домашниот терен беше ноќна мора за противниците, но оваа не е така охриѓани многу ноншалатно влегуваат во мечевите во „Билјанини Извори“.

„Гладијаторите“ имаат нецела недела за консолидирање на екипата и исправување пред новите предизвици во Супер лигата кои допрва ќе се зголемуваат.

Михаил Постоловски