Селекторот на Германија, Јоаким Лев, ќе направи одредени промени во екипата за претстојниот натпревар со Македонија, во квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар 2022 година. Лев ќе му даде шанса за Андре тер Штеген на голот, а единствена негова дилема е Тимо Вернер.

Медицинскиот тим ми даде со што располагам и така ќе ја формирам екипата. „Горе долу“ се знае кои ќе играат, а единствена недоумица е Вернер. Македонија е незгоден ривал и не смееме пред време да ги запишиме бодовите, – изјави Лев.

Македонската фудбалска репрезентација денеска отпатува во Дуисбург, а мечот се игра утре, во 20 часот и 45 минути.

„Црвено жолтите“ по два одиграни мечеви имаат скор победа и пораз додека „панцирите“ се перфектни со две победи во два одиграни натпревари.

OhridNews