Волонтерите и општинските службеници на Гватемала Сити направиле во ноќта помеѓу четвртокот и петокот простирка од цвеќе и пилевина долгта 1400 метри во обид да го соборат Гинисовиот рекорд за најдолг тепих на светот. Правењето на тепихот е традиционална манифестација која се одржува секоја година за време на „Ноќта кога никој не спие“ со која се обележува неделата пред Велигден. Традицијата за украсување на улиците од Европа во Централна и Јужна Америка на донеле шпанските колонисти од Тенерифе, а таа е најраспространета во Мексико каде се организираат поворки во слава на светците и каде се развиени различни техники за изработка на теписи од цвеќе и пилевина во боја.

Мотивите на теписите се слики од страдањето на Исус, како и други сцени од неговиот живот, а пилевината после манифестацијата се пали и нејзиниот пепел се фрла во реката. Поради овој обичај реагирале и активистите за заштита на животната средина кои предлагаат наместо пилевина да се користат некои други материјали како што е трева, бидејќи имаат подобри биоразградливи својства.