Странските медиуми ја пренесуваат изјавата на Мухамед Резе Абеда, директорот на “Iran Carpet Company”, во која се соопштува дека компанијата за производство на теписи од Иран го направила најголемиот тепих на светот кој влегол во Гинисовата Книга на Рекорди.

Тепихот кој е направен во градот Нишапур од страна на 1200 луѓе, има должина од 133 метри, ширина од 48 метри и тежи неверојатни 48 тони.
Според изјавата на директорот, Иран е лидер во производство на висококвалитетни теписи кои многу се ценат низ целиот свет, а овој потфат е потврда за нивната стручност и залагање за квалитет.