Од СВР Охрид информираат за низа нарушувања на јавниот ред и мир случени изминатиот викенд.

Денес, околу 04 часот, на улицата „Марко Нестороски“ во Охрид нарушен бил јавниот ред и мир, со физички напад од три лица врз две лица од Скопје. „Напаѓачите употребиле метален предмет. СВР Охрид презема мерки за расчистување на случајот“, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Вториот инцидент се случил во 03,30 часот, на улицата „Железничка“, кога 32-годишно лице од струшкото село Делогожда извршило физички напад врз 53-годишен охриѓанец. Напаѓачот е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

До нарушување на јавниот ред и мир дошло и во струшкото село Велешта, на 3-ти август, во 21,45 часот, со физичка пресметка помеѓу 46-годишно лице и неговиот брат, двајцата од Велешта. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

OhridNews