Додека возрасните не ги повлечат вистинските потези, струшките средношколци од двете најголеми етнички заедници во Струга кои учат во средните училишта „Нико Нестор“ и „Ибрахим Темо“ остануваат поделени. Албанците во училишните клупи, а Македонците надвор од нив.
Вчера беше спречен протест на албанските ученици. Од општината велат дека средношколците сакале да го искажат својот револт низ градските улици поради мешањето на политиката во училиштата и поради веќе искажаната толеранција кон учениците Македонци.
Се’ се гледа ама никој да види
Во струшката чаршија вчера беше мирно, но ретко кој сакаше да ја коментира чувствителната ситуацијата пред медиумите. Оние што го направија тоа, велат дека има соживот. Нивото на соживот го потврди и градоначалникот Рамиз Мерко, но и претставници од други институции.
Но, ако соживотот е навистина на високо ниво, тогаш излезот лежи во едно прашање:зошто инцидентите се случуваат само во училиштата,а не и на други места каде што се собираат и среќаваат средношколците од двете етнички заедници.
Ohridnews