На трети овој месец, околу 14 часот, пред пекара лоцирана на улицата „ЈНА“ во Струга, нарушен бил јавниот ред и мир во кој, 23-годишно лице од струшкото село Радолишта, било физички нападнато од две лица од струшкото село Велешта, и од уште едно, засега непознато лице, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Лицата од Велешта се повикани на разговор во полициската станица во Струга, а се преземаат дополнителни мерки за идентификација на третиот учесник во нарушувањето, по што ќе биде понесена соодветна пријава.
OhridNews