Вчера околу 14 часот во седиштето на општинската организација на СДСМ дошло до нарушување на јавниот ред и мир.

Како што информираат од СВР- Охрид, каде што настанот бил пријавен околу 20 часот вечерта, избила караница помеѓу три лица и претседателот на ОО на СДСМ, Науме Јованоски. При тоа едно од лицата физички го нападнал Наумоски и му удрил шлаканица.

Во СВР Oхрид во текот на денот биле повикани на разговор  лицата кои учествувале во тепачката и во моментов се работи на расветлување на случајот.

Во текот на утрешниот ден се очекува СВР да излезе со повеќе детали околу настанот.

OhridNews