Две лица биле повредени во тепачка која избила во еден супермаркет во Ахен, Германија. Со приближувањето на Божиќните празници, гужвата во супермаркетите и шопинг центрите е се поголема, а купувачите стануваат се понервозни. Обидувајќи се да ја зграби последната количка пред една жна, 74-годишен пензионер добил удар во главата од нејзиниот 24-годишен брат.


Приказната, меѓутоа, не завршила тука, бидејќи старецот откако се созел тргнал во потрага по напаѓачите, жената, нејзината мајка и нејзиниот брат. Ја барал количката за која сметал дека му припаѓа него. Ги пронашол во одделот за млечни производи, каде настанала тепачка со колбаци и пармезан. Тепачката била прекината со интервенција на полицијата. Две лица биле префрлени во болница со полесни повреди.