Од СВР Охрид информираат за три случаи на нарушувања на јавниот ред и мир што се случиле во Струга и струшко во текот на изминатиот викенд.
На 11.08.2019 околу 05 часот, во угостителски објект лоциран на градскиот пазар во Струга, нарушен бил јавниот ред и мир со физички напад извршен од две лица врз 46-годишно лице од струшкото село Мислодежда. Се работи на расчистување на случајот.
На 10.08.2019 год во 00.30 часот на улицата „Пролетерски Бригади“ во Струга, нарушен е јавниот ред и мир со карање, викање и сериозни закани упатени од страна на 21-годишно лице кон неговата невенчана сопруга. Против сторителот, согласно одредбите од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 09.08.2019 година околу 23.30 часот, од неговиот дом во струшкото село Боровец, во полициска станица Струга, приведено е 50-годишно лице. Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, лицето, при семејна веселба, го нарушило јавниот ред и мир со неовластено пукање од огнено оружје пиштол, што легално го поседувало. Пиштолот е одземен и по целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
OhridNews