Имено, Д.Д. и Д.Т. се сретнале со А.Т. и С.А. на терасата од кабарето, по што настанала меѓусебна расправија која подоцна прераснала во тепачка. При тоа, Д.Д. се здобил со видливи повреди во пределот на носот. По интервенција на полициските служби повторно бил воспоставен нарушениот јавен ред и мир.
Поради претходен напад од страна на Д.Т. над униформиран полициски службеник, од негова страна употребена била гумена палка за спречување и одбивање напад од себе.
Против сторителите се поднесени соодветни пријави, соопшти МВР.
Извор:МВР