Раперите Крис Браун и Дрејк предизвикале масовна тепачка во њујоршкиот ноќен клуб “W.I.P.”, и тоа поради Ријана. Тие двајца веќе подолго време се во лоши односи, а до кулминација дошло во четвртокот ноќта, кога Крис, сакајќи да ги прекине кавгите со Дрејк, до неговата маса испратил шише шампањско, кое Дрејк го вратил со порака на која пишувало „Бев со љубовта на твојот живот и помири се со тоа“.
На темпераментниот Крис и на неговото друштво не им требало многу да започнат тепачка, напаѓајќи го Дрејк и неговата екипа, во која страдале и невини посматрачи. Крис бил добро истепан, а фотографиите со “изменетиот личен опис“ ги поставил на Твитер. Иако одамна раскинале, односот на Ријана со Крис сеуште не бил прекинат. Се шпекулирало за нивно помирување, но и за тоа дека пејачката е во врска со Дрејк.