Во денешниот извештај на МВР, информација за низа поднесени кривични пријави поради сомненија за извршени кривични дела на подрачјето кое го покрива СВР Охрид.

Во првиот случај, од МВР информираат дека вчера охридската во Полициска станица 32-годишна жена од село Издеглавје, пријавила дека 79-годишен жител на селото физички го нападнал неговиот 81-годишен брат и со предмет го удрил во пределот на главата, по што нападнатото лице изгубило свест. Истиот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Охрид, каде е задржан на лекување, додека неговиот брат е приведен и задржан во Полициска станица Охрид за понатамошна постапка.

Од МВР информираат и за два случаи на несовесно работење. Во првиот случај од страна на Секторот за внатрешни работи Охрид поднесена е кривична пријава против 59-годишна охриѓанка за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Пријавената, како помошник директор за економски работи во ЈЗУ Општа болница Охрид, не поставила соодветно лице вработено во ЈЗУ Општа Болница Охрид, во отсекот за финансии и сметководство за да ја сработи и поднесе годишната завршна сметка за 2015 година, во законски предвидениот рок. Поради тоа, на ЈЗУ Општа Болница Охрид и била изречена казна за задоцнување за поднесување на завршна сметка од 60.000 денари.

Во друг случај, поднесена е кривична пријава против 59-годишно лице од село Ботун, кое на 13/14.08.2018 година, како чувар на стовариште на ЈП “Македонски шуми” во Охрид на улица „15-ти Корпус”, без известување на претпоставен и без да обезбеди соодветна замена, го напуштил работното место, при што од страна на непознат сторител од стовариштето била одземена приколка со буково огревно дрво, која од страна на вработени во шумска полиција била одземена поради нелегален превоз.

Секторот за внатрешни работи Охрид до Основното јавно обвинителство Охрид поднесе кривична пријава и против 41-годишно лице од Охрид поради сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба на дрзок начин”.  Пријавениот на 12 август на Булевар „Македонски Просветители“ со намера да се стекнe со противправна имотна корист, на охриѓанка од рака насилно и го отргнал најлонското ќесе во кое имало чанта со пари.

OhridNews