Екипа од СВР- Охрид излегла на лице место при што биле затекнати лицата У.Н.(1975), К.С.(1978) и Д.Т.(1979), кои се повикани во полициската станица на разговор.
Утврдено било дека околу 05,30 часот, У.Н. со упатување на навредливи зборови на повисок тон, кон вработените во млечниот ресторан предизвикал интервенција на петмина полициски службеници кои се затекнале таму, кои притоа не се легитимирале. У.Н. започнал тепачка во која се приклучиле К.С. и Д.Т., а потоа и останатите лица. Во еден момент, откако Г.И. се легитимирал, тепачката престанала. По кратко време У.Н. извадил пиштол непозната марка и калибар, со кој се обидел да ги нападне полициските службеници, но бил спречен, а потоа се разотишле.
Од страна на службите при СВР- Охрид извршен е претрес во домовите на У.Н., К.С. и Д.Т., како и во два објекти кои биле во сопственост на истите. Со потврда за привремено одземени предмети одземено е патничко моторно возило „Алфа Ромео 156“ без регистерски таблици, управувано од К.С., во кое биле пронајдени едно платнено ташниче и пиштол марка „ЦЗ 99“, кој службено го поседувало лицето.
К.С. и У.Н. се приведени во охридската Полициска станица и против истите ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.
извор: МВР