Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе  кривична пријава против  20-годишно лице од село Вевчани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.  На 09.06.2018 година пред кафе бар во  Вевчани, по претходна вербална расправија, пријавениот  физички нападнал 25-годишен стружанец и му нанел тешки телесни повреди.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе и кривична пријава против  33-годишен стружанец поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „тешка кражба“. Во периодот од 27.03.2018 до 09.04.2018 година, пријавениот со употреба на физичка сила влегол  во три куќи во Струга и одзел повеќе предмети.

OhridNews