Вчера  околу 23 часот и 30 минути  на улицата ,,Димитар Влахов,, во Струга, случена е вербална расправија меѓу лицата Г.Р. роден 1970 година и неговиот брат А.Р. роден 1980 година од една страна и лицата Р.К. роден 1981 година од село Теферич и Б.Ш. роден 1981 година  од Струга при што извршено е кривично дело ,,Предизвикување општа опасност,,

Расправијата, набрзо прераснала во тепачка во која лицето Г.Р. со тврд предмет бил удрен во пределот на главата, а од огнено оружје пиштол биле испукани неколку куршуми во воздух. Поради здобиени повреди од тепачката, во Медицинскиот центар во Струга пренесени се лицата Г.Р. и Р.К. каде им е укажана неопходна медицинска помош, по што истите се приведени во Полициската станица во Струга.

На лице место, Истражен судија и екипа на крим-техника извршија  криминалистичко-технички увид при што пронајдени се три чаури калибар 9 мм. Од лицето Р.К. одземен е еден пиштол марка ,,Лугер,, кој го поседувал со соодветна дозвола.

Причината поради која се случил настанот е неотстапување на првенство на минување во сообраќајот. Се преземаат дополнителни мерки за целосно расветлување на случајот.

извор:СВР-Охрид