По завршувањето на натпреварот од 18 коло од страна на неслужбени лица, судиската четворка предводена од интернационалецот Љубомир Крстески до Битола беше нападната и едвај се спаси од линч.
Комисијата за овај инциднет донесе одлука ФК Ренова да одигра 6 средби како домаќин без публика и да плати парична казна од 5000 евра во денарска противредност. Комисијата како олеснителна околност ги зеде фактите дека од страна на претставниците на ФК Ренова немало никаков притисок пред, за време и по натпреварот.
Уште една скандалозна одлука донесе ФФМ,овај пат преку Комисијата за Молби и жалби.
По сеопфатното разгледување на жалбата на клубот домаќин Комисијата одлучи:
ФК Башкими од Куманово се казнува со забрана на играње на свој терен како домаќин на 2 првенствени и уште 4 средби (првенствени или куп) без присуство на публика.
Смешни и во најмала рака несериозни одлуки на ФФМ.
За далеку помали инциднети второлигашот Илинден од Велмеј, беше казнет со шест натпревари играње на страна, по што Илинденци се откажаа од натрпеварувањето.