Македонија се уште има теоретските шанси за освојување на второто место во групата 9 и покрај поразот со 0-2 на гостувањето кај Шкотска. Избраниците на селекторот Мирсад Јонуз може да бидат втори доколку победат на гостувањето во Осло кај Норвешка, а Шкотска загуби на домашен терен од Холандија, која е сигурен учесник на завршницата од Мундијалот.
Во случај на ваков расплет на настаните, Македонија и Шкотска би имале ист број на поени, а системот на ФИФА вели дека втор ќе биде тој што има подобра вкупна гол разлика. Македонија моментно е со гол разлика 4-9, а Шкотска со 6-10, што значи каква било победа над Норвешка и пораз на островјаните од Холандија ќе ги одведе „црвено-жолтите“ до второто место.
ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com