Теона Никовска од ОУ „Кочо Рацин“ од Охрид го освои првото место на натпреварот по физика и математика што денеска го организираше приватното средно училиште „Јахја Кемал” од Струга. Второто место му припадна на Славчо Прентоски од ОУ „Јосип Броз Тито“ од Струга, а третото место го освои Маринела Фармакоска која е ученичка во истоименото училиште.

На натпреварот учествувале ученици од општините Струга, Вевчани, Охрид, Дебрца, Дебар, Центар Жупа, Ресен , Кичево и Другово.

-Она што го прави овој натпревар привлечен за учениците, секако покрај желбата да го проверат своето знаење, се и привлечните награди. Учениците од 1 до 25  место на овој натпревар , добиваат право директно да се запишат  во ПСУ „Јахја Кемал” без полагање на приемен испит, а првите 10 ученици добиваат право да се запишат во нашето училиште без полагање на  приемен испит, а добиваат и стипендија за школување, информираат од ПСУ „Јахја Кемал“.

Од приватното училиште посочуваат дека учеството на овој натпревар е поттик за работење и на предметните наставници по математика и физика кои во голема мерка се заслужни за учеството и успехот на учесниците на овој натпревар.

OhridNews