Српскиот репрезентативец Милош Теодосиќ најави дека натпреварите на Србија против Естонија и Израел во квалификациите за Светското првенство ќе му бидат последни за оваа сезона. 31-годишниот кошаркар доби отказ од Лос Анџелес Клиперс, откако не се снајде најдобра во „црвено белиот“ дрес и воопшто во НБА лигата.

  • Прв пат добив отказ и воопшто не беше лесно. Да бидам искрено и јас посакував, но не е сеедно. Клубот се мачеше со мене и јас со нив. Не сакав да бидам трејдован каде што јас не сакам да играм Задоволен сум ситуацијата како излезе на крајот и мило ми е што останавме во добри односи со клубот. Со двата натпревари со репрезентацијата ќе ја завршам сезоната. Ќе се одморам и потоа ќе почнам да тренирам и ќе работам на себе. – изјави Теодосиќ.

Со ваквите изјави Теодосиќ стави крај на шпекулациите кои кружеа низ кошаркарските кулоари. Искусниот кошаркар беше поврзуван со Црвена Ѕвезда и турски Ефес.

OhridNews