Составот на Милан во драматичен финиш со 3-2 го совлада тимот на Лацио и го задржа лидерското место на табелата во Серија А. Човек на одлуката на дербито на „Сан Сиро“ беше Тео Хернандес кој погодокот за победа го постигна во втората минута од судиското продолжение.

Радоста кај играчите и навивачите на Милан се пресели и во студиото од познатата спортска емисија „Diretta stadio“ каде тимот од Сан Сиро го претставува Тицијано Крудели. Легендарниот фан на Милан бурно и во транс го прослави погодокот на левиот бек кој му донесе значаен триумф на „росонерите“. Погледнете!

OhridNews

 

Пандев асистент во победата на Џенова, Милан не го дава врвот (видео)