Тензијата значително расте во пресрет на градската пресметка Тетекс – Шкендија во финалето од Купот на Македонија.

Тетекс нема ни теоретски шанси за опстанок во првата лига, затоа финалето во Купот е единствена шанса за спас на сезоната која треба што побргу да се заборави.

Пред исти предизвик е и Шкендија, која пласман во Европа може да избори само ако триумфира во Купот на Македонија.

“Балистите“ скандалозно го најавија дуелот со Тетекс во финалето, но од клубот најавија дека на “Филип Втори“ треба да победи фудбалот.

Мх.П.