Тренерската смена во Барселона не го донесол посакуваниот ефект на Ноу Камп. Напротив, играчите станале уште понервозни, а ситуацијата ескалирала кога на тренинг блиска средба имале капитенот Лионел Меси и дефанзивецот Жерар Пике.
Како што пренесуваат шпанските медиуми, Пике му замерил на Меси за играта на навалната линија во екипата, додека Аргентинецот му вратил дека одбраната не е ниво од нападот и затоа има разлика на теренот. Играчите кои биле блиску спречиле поголем инцидент и блиска средба на двоецот кој долги години е двигател на клубот од Ноу Камп.
Новиот тренер Кике Сетиен кој дојде на местото од Ернесто Валверде има полни раце работа, прво да ги смири двајцата фудбалери, а потоа да ја врати самодовербата во екипата. Дополнителен проблем за Барселона се повредите Луис Суарез и Осман Дембеле. Уругваецот ќе отсуствува најмалку два месеци, а во зимскиот преоден рок екипата не ангажираше соодветна замена. Дембеле само што се врати на тренинзите пак се повреди.
Реал Мадрид максимално ја искористи кризата во Барселона и се одлепи три бодови на врвот од табелата во Ла Лига.
OhridNews