Старите ривали и големи пријатели, Рожер Федерер и Рафал Надал закажаа нова меѓусебна пресметка во која љубителите на тенисот ќе може да уживаат. Швајцарецот и Шпанецот ќе се сретнат во полуфиналето од францускиот Грен слем  турнир Ролан Гарос.

Федерер, пласман помеѓу четирите најдобри избори со победата 3-1 во сетови над сонародникот Стен Вавринка, додека Надал со чисти 3-0 го збриша Кеи Нишокори и се чекираше во полуфиналето. Шпанскиот тенисер игра во извондредна форма на Ролан Гарос и ќе биде вистински предизвик за Федерер, кој е најтрофеен тенисер во историјата.

Втората полуфинална двојка на Ролан Гарос ќе се комплетира по одигрувањето на денешните натпревари. Во четвртфиналните дуели ќе се сретнат Новак Ѓоковиќ – Александер Ѕверев односно Доминик Тим – Карен Качанов.

OhridNews