Турнирите во младинските категории претрпеа одредени измени и наместо во Охрид, надежите во македонскиот тенис се натпреваруваа во Скопје. На отвореното првенство „Меморијалот Дејан Доновски“, охриѓани освоија една титула и одиграа неколку фантастични натпревари.
Доминацијата на Ана Стојановска во женска продолжи. Стојановска после голема и неизвесна борба во 1/2 финалето и финалетo освои нова титула. Матеа Билбилоска се пласираше во топ 8 додека Ива Кецкарова не успеа да ја помине првата фаза.
Во машка конкуренција Павел Стевковски го доби маратонскиот натпревар од 3.5 часа во 1/8 финалето, но претрпе пораз во 1/4 финалето од замор и исцрпеност.
Титулата на Стојановска, добрите игри на Билбилоска и Кецкарова и маестралниот перформанс на Стевковски се одлична најава за турнирот во Охрид кој ќе се одржи на 22 август.
OhridNews