Најдобрите тенисери во светот се на Вимблдон кој деновиве завршува, но тенис се игра и во нашиот град. Тенискиот клуб „Охрид“, многу фино уреден, дава можност за практикување рекреативен тенис. Лоциран кај „Билјанини извори“, под надзор на професионални тренери многу млади доаѓаат и можеби сонуваат еден ден и тие да бидат дел од светската елита на белиот спорт. За гледачи (како мене) има и мал бар со освежителни пијалоци.
Во моментот на нашата посета тренерот по тенис Миливој Крстески го подучуваше на тениски „финти“ популарниот пејач Ѓоко Танески. Тука беа и некои девојчиња Македончиња од Австралија. Им било убаво да тренираат тука „ќе дојделе пак“. Тенисот важи за скап спорт. Добро, не е евтин, но кој има желба може да удри 2-3 топчиња во тениски клуб Охрид.
С. Костоски
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com