Охрид и спортската сала “Билјанини извори”, ќе бидат домаќини на Македонската тениска репрезентација која во  рамките од 1. коло од првата Евро-африканска зона од Дејвис купот ќе игра против  Летонија .

Терминот за одигрување на натпреварот е од 8 – 10 февруари наредната година .

Поради специфичноста за подготвка на подлогата (ќе се игра на земја) отпадна Скопје како домаќин. Причина, ангажирање или закупување на сала во период од 30 дена во моментов е невозможно бидејќи ниту една од расположивите сали во Скопје нема таква можност заради пребукираност .


една сала многу желби

Охридската сала ги задоволува условите за организација на вакви натпревари што ја става во пол-позиција при изборот .

Но и покрај сето тоа никој од Македонската тениска федерација (МТФ) се уште нема контактирано со раководните лица  во Спортска сала, кои се изненадени и затечени од ваквата одлука на тениската федрација и за организацијта на турнирот дознале од медиумите .