Германскиот тенисер Александар Ѕверев се најде во центарот на светска јавност, откако неговата поранешна партнерка, Олга Шарипова го обвини за насилство и малтретирање. Шарипова исто така изјави дека била емоционално злоупотребувана од Ѕверев кој не покажувал воопшто почит спрема неа.
Поминав 13 токсични месеци со него и никогаш повеќе. Ме удираше, а никогаш не признаваше. Секогаш се ваѓаше дека јас сум ја започнала расправијата. Еднаш во Монако ги помина сите граници и ме избрка надвор од апартманот. Поминав низ пекол со него. – рече Шарипова.
Таа не планира да го тужи Ѕверев, но истакна дека сака да ја каже вистината, за следната партнерка на германскиот тенисер да биде внимателна.
Кариерата на Ѕверев се движи во нагорна линија, но ваквите обвинувања од Шарипова можат многу да влијаат на резултати, играта и имиџот кој го гради Германецот.
OhridNews