Истражувањата и анализите на магазинот „Форбс“ покажаа апсолутна доминација на тенисерките во светот на спортот кога се однесува на заработувачката.
Во топ 10 листата, дури девет доаѓаат од „белиот спорт“.
Водечка спортистка е Наоми Осака која има заработувачка од 37, 4 милиони долари. Втора е Серена Вилијамс со 36 милиони долари, а третопласирана е Ешли Барт со 13,1 милиони долари. Потоа следуваат Симона Халеп (10,1 милиони долари), Бјанка Андреска (8,9), Габрин Мугуруза (6,6), Елина Свитолина (6,4), Софија Кенин (5,8), Анџелик Кербер (5,3). Десеттата позиција е резервирана за фудбалерката Алекс Морган со заработувачка од 4,6 милиони долари.
„Форбс“ во истражувањата и анализите ги зеде во предвид успесите, настапите на турнирите и појавувањето во реклами од јуни 2019 до јуни 2020 година.
OhridNews