Тениската сезона е во мирување и нема точни информации кога ќе продолжи. Додека неизвесноста трае тенисерите на разни начини го поминуваат слободно време.
Последно време најмногу внимание привлече украинската тенисерка Елена Свитолина која принудниот одмор го искористи за патување на егзотични дестинации. Една од нив беше Портофино, каде таа на јахта приреди жежок танц кој никој на социјалните мрежи не го остави рамнодушен.
25-годишната тенисерка се уште нема титула од големите тениски турнир, но неколку сезони по ред тениската година ја завршува помеѓу Топ 10.
OhridNews