Тенисерката Ана Стојановска од Тениски клуб Охрид се пласираше во полуфинале во сингл конкуренција на двата туринира во Источноевропски развојни првенства до 14 години во Анталија, Турција. Турнирите се одржаа од 10-20 декември во организација на Tennis Europe. На турнирот учество зедоа најдобрите двајца во машка и женска конкуренција од 10 држави од Источна Европа.
Пласманот во 4-те најдобри на двата турнири е голем успех за Ана Стојановска, за градот, но и за македонскиот тенис, велат од Тениски клуб Охрид.
Тенисерите Амар Хусеиновиќ и Александар Трифуноски пак победија во дубл конкуернција, а Амар играше и во финалето на едниот и и полуфиналето на другиот турнир во сингл.
OhridNews