Во финалето на вториот Гренд Слем годинава, францускиот Ролан Гарос ќе играат тенисерот број 1 во светот Роже Федерер и “непобедливиот“ на земјени терени Рафа Надал.

Во полуфиналето Федерер со 3-1 во сетови го совлада домашниот тенисер Жил Монфис, додека Рафаел Надал со 3-0 го збриша тенисерот број 3, Новак Џоковиќ.

Во женскиот дел во финалето ќе играат Динара Сафина, сестрата на Марат Сафин 14-та на ВТА ранг-листата, и минатогодишната финалистка на турнирот „Ролан Гарос“, Србинката Ана Ивановиќ.

 ohridnews