Охридските тенисери освојуваќи три одличја на Отвореното првенство на Македонија за јуниори и јуниорки до 14 годин, кое се одржа во Скопје го потврдија квалитетот и добрата форма во која се наоѓаат.

Во женска конкуренција триумфираше Ана Стојановска. Во финалниот натпревар охриѓанката беше подобар од „домашната тенисерка“ Ана Митевска, победувајќи ја во два сетови. За Стојановска ова е трет трофеј во серија. Претходно, Стојановска победи на турнир У14 и У16. Останатите три охридските тенисерки настапите на Отвореното првенство ги завршија во 1/4 финалето.

Павел Стевковски ја подигна летвичката кога се однесува за формата и пласманот. Стевковски успеа да се пласира во финалето и да заврши на втората позиција. Поуспешен од охриѓанецот беше Алек Трифуновски, кој славеше во два сетови. Стевковски на претходниот турнир заврши на третата позиција, а второто место на турнирот во Скопје е голем напредок.

Следен предизвик за охридските тенисери е Меѓународниот турнир во Уљцин, Црна Гора, а на средина на мај ќе се одржи Државното првенство во Македонија.

OhridNews