Од речиси +30 на едвај 10 степени во само два дена. Температурниот пролетен шок, според најавите, ќе продолжи и оваа седмица.
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во текот на денот ќе има зголемување на облачноста и во јужните делови можен е краткотраен слаб дожд, на повисоките планини провејување на слаб снег. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната дневна температура во Охрид ќе достигне до 10 степени Целзиусови, инфомираат од УХМР.
Слично време не очекува и во вторник, а во среда можни се и врнежи од дожд.
OhridNews