Вчера и денес во Охрид тропски температури. Најава за долго и „пеколно“ лето. Сепак сезоната кај нас е многу кратка. На потегот Славија – Св. Стефан имаше плажачи, но сепак најмногу од Охрид. Тук-таму по говорот ќе познаевме по некои битолчани или скопјани. Вистински бран на туристи се очекува, како и секоја година, после 1. јули. Сепак ако и во наредните денови е вака жешко, може и следниов викенд да биде „топ“.
Водата е пријатна за капење (имаше алги, но тие ќе се исчистат сами од себе). Плажите не беа баш најчисти. Хронично недостасуваат корпи за отпадоци. Новите концесионери на плажите работат на „случајот“, има нови шанкови, лежалки, објекти на вода итн, но сепак треба уште. Се чини дека и покрај некои слабости ова ќе биде долго жешко и „преполно“ лето.
текст и фото:
Спаско Костоски
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com