Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен до силен ветер и појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 38 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Охрид сончево со мала до умерена облачност. Максималната температура ќе достигне до 31 степени.

Утре ќе се задржи топло време, но во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен до силен ветер и појава на град. В петок ќе дува засилен северен ветер, а во деновите од викендот се очекува постепено стабилизирање на времето, велат од УХМР.

OhridNews