Времето денеска ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 31 до 37 степени. Во Охрид до 32 степени. UV=8.
Во четврток и петок ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. За време на викендот ќе преовладува сончево време, но ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Температурата ќе биде во покачување.
OhridNews