На празникот Водици традиционално голем број охриѓани се капат во студените води на осветеното Охридско Езеро. Според синоптичарите, ова празнично утро ќе биде едно од најстудените оваа зима во земјава, со мунимална температура на воздухот од -14 до -4 степени Целзиусови, додека температурата на водата во Охридското Езеро изнесува 8 C°.
Оваа година од познати причини нема да се фрла крстот во езерските води на организирана свеченост на градското пристаниште. Надлежните апелираат да се избегнуваат масовни собирања и групно капење и да се почитуваат мерките за заштита и спречување на ширењето на коронавирусот Ковид 19.
OhridNews