Според утринските мерења на Управата за хидрометеоролошки работи, температурата на водата во Охридското Езеро изнесува 22 степени Целзиусови, што е за два степена повеќе од просекот во јули.
Релативно добра е и хидролошката состојба на Охридското Езеро. Во моментов езерото е на ниво од 693,53 метри надморска височина, што е 14 сантиметри пониско од просекот за овој период од годината кој изнесува 693,67 м.н.в.
Законскиот минимум на Охридското Езеро утврден со билатералниот договор со Албанија во средината на минатиот век изнесува 693,17 м.н.в., додека природниот минимум е 693,10 м.н.в.
Г.М.