Температурата на водата во Охридско Езеро измерена во 13 часот е 26,5 степени целзиусови покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Повисока е температурата на другите две природни езера и тоа на Дојранското Езеро изнесува 30 степени целзиусови, додека на Преспанското Езеро, според мерењата, е 28,5 степени.
УХМР за наредните денови најавува сончево и многу топло време, со температура над 40 степени.
OhridNews