За само една седмица температурата на водата во Охридското Езеро пораснала за околу 3 степени Целзиусови. Топлотниот бран со температури над 30-от степен, придонесе за пораст на температурата на водата во Охридското Езеро, која е са речиси 5 степени повисока во однос на јунскиот просек кој изнесува 19,8 степени.
Најтопла водата во Езерото била на 25 јуни, кога се измерени високи 25 степени.
Според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи извршени утрово, температурата на површинската вода во Охридското Езеро изнесува 24,5 степени, а пред една седмица таа изнесувала 20 степени.
Во наведениот период нивото на Охридското Езеро се намалило за два сантиметра и сега се наоѓа на 693,52 метри надморска височина, што е 15 сантиметри под јунскиот просек кој изнесува 693,67 м.н.в..
Г.М.