Под влијание на влажен бран денеска дојде до значително опаѓање на температурата на воздухот кај нас. Исклучок не е ниту Охрид. Според попладневните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи, температурата на воздухот во Охрид изнесува 19,3 степени Целзиуосви, додека на Охридското Езеро 24 степени.
До крајот на денот и вечерва ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, на места проследено со пороен дожд и грмежи. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со силен ветер, град и пообилни врнежи (над 30л/м2).
Во четврток се очекува сончево време со мала локална облачност и со слаб до умерен северен ветер. Максималната дневна температура во Охрид ќе достигне до 23 степени.
OhridNews