Студениот бран што ја зафати земјава донесе рекордно ниски температури оваа зима. Минималната температура утрово измерена во Охрид изнесуваше 12 степени, а температурата на водата во Охридското Езеро само 6 степени Целзиусови, што е за половина степен помалку од просекот за овој период од годината.

Поради големината и специфичноста, Охридското Езеро, освен во мали делови од крајбрежјето, не може целосно да замрзне, бидејќи температурата на водата не се спушта под 6 степени.

Нивото на езерото, пак, е на кота 693,40 метри надморска височина, што е речиси во просекот за февруари (693,41 м.н.в.).

OhridNews