Температурите на трите природни езера во земјава и натаму се над просекот за јули. Според утринските мерења на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) водата во Охридското Езеро е 26 степени целзиусови, додека во Дојранското се измерени 29,7 степени, а во Преспанското 25,5 степени.

Во однос на водостоите, според хидролошките мерења на УХМР, Преспанското и Охридското Езеро денеска се за еден сантиметар пониски од вчера, а кај Дојранското нема промени.

Водостојот на Охридско Езеро денес е на кота 693,58 м.н.в што е и просекот за месец јули.

OhridNews